Top Sport

(Видео) Бруно во 91.минута за триумф на Јунајтед на „Крејвен Котиџ“

Foto/ EPA

Манчестер јунајтед го победи Фулам со 1:0, на „Крејвен Котиџ“ во Лондон, во првиот натпревар од 11.коло, во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ повторно не блескаа, но во овој момент најважна е победата. Којзнае како ќе завршеше натпреварот доколку не беше поништен голот на Мектоминеј во деветтата минута.

Ситуацијата е котраверзна, ќе биде предмет на анализи, бидејќи Мегваер беше во пасивен офсајд.Тоа беше се што направи Јунајтед во првото полувреме. Нивните противници беа поконкретни но е успеаја да постигнат гол.

Во вториот дел домашните повотрно повеќе играа со топката а најдобрата шанса ја имаше Палиња, чиј удар го запре Онана.

Јунајтед возврати во финишот, Бруно шутираше, но се истакна голманот на Фулам, Лено.

Во 91.минута по неколкуте грешк на одбраната на Фулам, Бруно Фернандеш од работ на шеснаесетникот погоди за 0:1.

Јунајтед, ја забележа шестата победа и барем привремено скокна на шестото место со 18 бодови, додека Фулам е 14. со 12 бода.

Scroll to Top