Top Sport

Назор: Односите меѓу играчите се катастрофални

Кошаркарите на МЗТ, вчера во Задар со победата над истоимениот тим направија голем чекор кон враќањето во АБА-лигата. МЗТ на полувреме водеа 57:36, а на крајот славеа 89:93.

Задар од клупата го предводи поранешниот тренер на МЗТ, Анте Назор. Токму со екипата од Аеродром, Назор ја има освоено единствената титула во досегашната кариера, во сезоната 2016/2017 тој го предводеше тимот до шампионската титула во македонското првенство.

Назор е незадоволен од своите кошаркари, потенцирајќи дека односите во соблекувалната биле лоши.

„Едни со други не можат да се гледаат. Погледнете ги само нивните реакции кога излегуваат од игра. Се согласувам дека моја оставка би можела да ги среди односите, но јас нема да се предадам. Не би бил спортист доколку се предадам“, рекол Назор и дополнил.

„Не декласираа во првиот дел, во еден момент се заледив на минути 30. По ова што се случи дали треба да ги анализираме подготовката за мечот или самиот наптревар? Ова нема врска со кошарката. Ова е чиста психологија, ова ни се случува цела ова сезона. Што да кажам кога играч нема да се врати во одбраната, доколку не го послуша договорот од тајм-аутот или ако не знае дека има уште пет секунди за напад“.

Вториот натпревар од оваа серија се игра во вторник, во Скопје. Со победа МЗТ ќе се врати во АБА-лигата.

Scroll to Top