Единаесет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на изминатата ноќ, на седум од нив победија тимовите кои играа на домашен терен. Индивидуално блескаа Гркот Јанис Адетокумбо кој го предводеше Милвоки до победа во Бостон и центарот на Мајами Хасан Вајтсајд чии тим загуби во Орландо.
Крилниот кошаркар на Мемфис, кој во НБА лигата го носи прекарот „Greak freak“, импресивно ја започна новата сезона, во Бостон тој го предводеше својот тим до победата 108:100 со 37 поени и 13 скокови.
Бостон имаше петмина играчи со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Џејлен Браун со 18, поени помалку постигна Кајри Ирвинг.
Орландо славеше во дербито на Флорида против Мајами со 116:109. Црногорецот Никола Вучевиќ за Орландо имаше учинок од 18 оени и 13 скокови. Монструозна партија на спортивната страна пружи Хасан Вајтасјад кој оствари 26 поени и 22 скока.
Најефикасниот меч го одиграа Индијана и Бруклин, а домаќинот славаше со 140:131. Осум кошаркари на Индијана постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Виктор Оладипо со 22. На спротивната страна блесна поранешниот играч на Лејкерски Д’Анџело Расел со 30 поени.
НБА, резултати: Детроит-Шарлот 102:90, Индијана-Бруклин, 140:131, Орландо-Индијана 116:109, Бостон-Милвоки 100:108, Мемфис-Њу Орлеанс 103:91, Далас-Атланта 111:117, Јута-Денвер 106:96, Сан Антонио-Минесота 107:99, Феникс-Портланд 76:124, Сакраменто-Хјустон 100:105.