Доминантната партија на Јанис Адетокумбо, трипл-дабл учинокот на Бен Симонс, 133 поени на Голден Стејт и триумфот на Сан Антонио над Торонто во дербито ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Дебитантот Бен Симонс во својот четврти натпревар во НБА лигата го забележа првиот трипл-дабл во кариерата (21 поен, 12 скока, 10 асистенции) и ја предводеше Филалдлефија до победата во Детроит 97:86.
Најефикасен кај Филалделфија беше Џоел Ембид со 30 поени, 9 скокоа, но и седум загубени топки.
Детроит го предводеа Реџи Џексон со 16 поени, 7 скока, 6 асистенции и Андре Драмонд ос 14 поени и исто толку скокови.
Јанис Адетокумбо или како што Американците го нарекуваат „Грик Фрик“ во раната фаза на сезоната ја истакнува кандидатурата за МВП наградата. Тој со 32 поени, 14 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки го предводеше Милвоки до победата над Шарлот 103:94.
Поддршка доби од Крис Мидлтон (20 поени) и Мирза Телетовиќ кој постигна пет тројки (15 поени).
Френк Камински беше најефикасен во редовите на Шарлот со 18 пони и 9 скока.
Голден Стејт со многу осцилации во играта на крајот убедливо го порази Далас 133:103. Стеф Кари постигна 29 поени (2/10 за три), Кевин Дурент 25, а Клеј Томпсон 21 поен. на спортивната страна Весли Метјуз беше стрелец на 19 поени.
Мемфис му го нанесе првиот пораз на Хјустон и најави дека и оваа сеозна ќе игра значакна улога во Западната конференција во НБА лигата.
Мамфис на Хјустон му дозволи да псотигне само 33 поени во второто полувреме и на крајот славеше 98:90. Одново Марк гасол беше најефикасен кај Мемфис, тој постигна 26 поени. Поен повеќе на спортивната страна реализираше Ерик Городн, додека Џејмс Харден имаше учинок од 22 поени, 5 скока и 8 асистенции.
Дербито помеѓу Сан Антонио и Торонто им припадна на Спарси, кои играа без своите две најголеми ѕвезди Кавај Ленард и Тони Паркер, 101:97. Доминираа на овој дуел високите играчи на Сан Антонио, Ламаркус Олдриџ со 20 поени и 8 скока, односно Дехунте Мареј со 16 поени и 14 скока.
Кај Торонто се истакна Демар Дерозан со 28 поени, додека потфрли Кајл Лаури кој постигна само осум поени.
Црпскиот центар Никола Јокиќ постигна 29 поени на кои придодаде 9 скока и 5 асистенции, но не успеа да го спречи поразот на Денвер од Вашингтон Визардс 104:109. Вашингтон до третата сезонска победа го предводеа бековите Бредли Бил со 20, Џон Вол со 19 поени и 12 асистенции, односно Ото Портер со 17 поени и 10 скока.