Генералните менаџери на НБА франшизите ја одржаа традиционалната анкета пред стартот на новата сезона. Најмногу шанси да ја освојат титулата им се даваат на Бруклин Нетс, а според нив МВП на сезоната ќе биде Кевин Дурент.
Бруклин Нетс добија 72 отсто од гласовите дека ќе бидат шампиони. Далеку зад нив се ЛА Лејкерс ос 17 отсто, додека на Милвоки Бакс им се даваат само 10 отсто дека ќе ја обранат титулата.
Кај Американците најмногу внимание привлече гласањето за МВП на сезоната. Актуелниот МВП, Никола Јокиќ не доби ниту еден глас, во конкуренција на Дурент (37 отсто), Лука Дончиќ (33 отсто), Јанис Адетокумбо (13 отсто), Џоел Ембид (7 отсто), Џејмс Харден (7 отсто) и Стеф Кари (3 отсто).
Интересно е што Јокиќ, според генералните менаџер е најдобриот центар во НБА. Тој добил 63 отсто од гласовите, неговиот опонент од Филалделфија, Ембид, кој се наоѓа во МВП трката, дбил 23 отсто од гласовите.
Стојот став јавно го кажал, новинарот Крис Демпси, кој работи за телевизијата „Алтитјуд“, која ги пренесува сите натпревари на Денвер Нагетс.
„Во анкетата на генералните менаџер, Јокиќ е прогласен за најдобар центар, но за него нема место меѓу шестмината кои добија гласови за МВП на сезоната. А гласа за Џоел Ембид. Внимавајте на ова, Јокиќ е најдобра центар, значи тој игра на иста позиција како и Ембид, а не е кандидат за МВП. Каков летечки старт…“, рекол Демпси.
Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 16.октомври.