Водечките тимови во НБА лигата забележаа победи во натпреварите коисе одиграа изминатата ноќ. Двете најдобри екипи на Истокот, Бостон Селтикс и Детроит Пистонс славеа против Торонто Репторс односно Мајами Хит, а Хјустон Рокитс еден од лидерите на Западот славеше над Индијана Пејсерс. Индивидуално ноќта ја обележаа Пол Џорџ и Џејмс Харден.
Бостон без првата ѕвезда Кајр Ирвинг запиша драматична победа над Торонто. Селтикс во последната минута испуштија предност од пет поени, Дерозан го имаше последниот шут на натпреварто, но на две секунди до крајот не успеа да погоди.
Селтикс ја забележаа 12.победа во низа и се зацврстија на челната позиција на Истокот. Ал Хорфорд со 21 поен и Џејлен Браун со 18 поени го предводеа тимот до победата.
Изненадувачки второто место на Истокот го држи Детроит Пистонс, со скор десет победи и три порази. Пистонс го совладаа Мајами Хит 112:103, а во победата се издвоија Тобијас Херис со 25, Ејвери Бредли со 24 и Андре Драмонд со 8 поени и 17 скока. Кај Мајами „дабл-дабл“ запиша центарто хасан Вајтсајд (20 поени, 12 скока).
Кошаркарот на Хјустон Џејмс Харден имаше учинок од 26 поени, 15 асистенции и 5 скока во триумфот над Индијана 118:95. Виктор Оладипо со 28 поени беше најефикасен играч на Индијана. Хјустон со десет победи и три порази се наоѓа на делба на првата позиција на Западот.
Оклахома предводена од Пол Џорџ и Расел Вестбрук славеше во дуелот со Далас Маверикс 112:99. Џорџ мечот го заврши со 37 поени, 8 скока, 5 асистенции, а актуелниот МВП Вестбрук оставри 26 поени, 6 скока, 5 асистенции.