Top Sport

НБА-Дизниворлд на Флорида!

НБА лигата потврди во саботата дека почнале преговори со „Дизни“ за рестартирање на сезоната ова лето во „Дизниленд“ во Орландо, Флорида.

Портпаролот на лигата, Мајк Бас потврди дека НБА и асоцијацијата на кошаркари (НБПА) преговараат со компанијатан а Волт Дизни за рестартирање на сезоната на крајот на јули во „ЕСПН Вајд ворлд оф спортс“ комплексот на Флорида. Би се работело за една локација за мечеви, тренинзи и престој на кошаркарите.

„Нашиот приоритет останува здравјето и безбедноста на сите кои се вклучени и работиме со експертите за јавно здравје и владините претставници на мерки кои ќе мораат да бидат преземени“, вели Бас.

Според американските медиуми има неколку опции за рестартирање. Првата е да се продолжи регуларната сезона и да се одиграат од 72 до 76 натпревари пред плејофот, втората е да се рестартира директно со плејоф од 16 тима, а третата да има „плејоф-плус“, односно да бидат додадени тимови во плејофот и првата рунда да се замени со групна фаза.

Scroll to Top