Top Sport

НБА: Доминација на Леброн, Дурент и Таунс (Видео)

Пет средби на кои тимовите кои беа домаќини забележаа три победи се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Блескаше Леброн Џејмс кој го забележа 59. трипл-дабл во кариерата, како и Кевин Дурент кој ги предводеше Голден Стеј до осмата побезда во низа.

Кливленд Кавалирс гостуваа во Лос Анџелес и предводени од леброн Џејмс го совладаа Лејкерси 121:112. Џејмс мечот го заврши со 25 поени и по 12 скока и асистенции, додека Кевин лав оствари „дабл-дабл“ од 28 поени и 11 скока.

„Езерџиите“ ги предводеше Брендон Инграм со 26 поени и по 6 скока и асистенции, а талентираниот Лонзо Бол оствари 13 поени, 8 скока и 11 асистенции.

Тандемот Кевин Дурент-Клеј Томпсон му ја донесе победата на Голден Стејт против Далас 112:97. Актуелниот шампион ја забележа осмата победа во низа. Дурент заврши со 36 поени, 11 скока, 7 асистенции, Томпсон уфрли 25 поени. Кај Голден Стејт поради повреди и овој меч го пропуштија Дрејмонд Грин и Стеф Кари.

Најефикасни кај Далас беа ветеранот Дирк Новицки со 18 поени и поранешниот играч на Голден Стејт Херисон Барнс кој постигна 16 поени.

Њујорк го победи Бруклин во градското дерби, но остана без својот најдобар играч Кристапс Прозингинс кој го повреди коленото.

Њујорк предводен од Кортни Ли (27 поени) го совладаа Бруклин 111:104, во чии редови најдобра беше Спенсер Динвиди со 26 поени, на кои придодаде по 7 скока и асистенции.

Минесота без проблеми се справи со Сакраменто 119:96. Блескаше во победата Карл-Ентони Таунс со 30 поени, 14 скока и по 5 асистенции и блокади. Во чекот го следеа соиграчите Ендру Вигинс со 22 поени, односно Џими Батлер со 21 поен, 7 скока и 9 асистенции.

Во последниот натпревар Тобијас Херис со 16 поени беше најефикасниот во победата на Детроит кај Атланта 105:91.

Scroll to Top