Top Sport

НБА-драфт: „Новиот Леброн“–Зион Вилијамсон низ солзи и заблагодари на мајка си

Младиот 18-годишен кошаркар од Универзитетот „Дјук“, Зион Вилијамсон синоќа е избран како прв пик на НБА драфтот.
Момчето кое има неверојатни физички предиспозиции уште отсега го споредуваат со Леброн Џејмс.

Вилијамсон како прв пик на драфтот го одбра Њу Орлеанс Пеликанс. Штом официјално влезе во НБА-друштвото Вилијамсон почна да збрува пред медиумите, но тогаш дојдоа и солзите.

„Мислам… Не знам што да кажам… Не би бил на оваа позиција. Мојата мајка многу се жртвуваше за мене, направи се, само сакам да и се заблагодарам. Се остави на страна и ми се посвети мене“ – рече низ солзи Вилијамсон.

Втор пик на годинешниот НБА драфт е Џа Морент кој е избран од Мемфис Гризлис, трет е Ар Џеј Берет кој оди во Њујорк Никс, четврти на драфтот беше Диандре Хантер кој се сели во Атланта Хокс, додека на петтата позиција се најде Дариус Гарланд, пик кој го одбраа Кливленд Кавалирс.

Scroll to Top