Top Sport

Копа Америка 2019: „Самураите“ му откинаа два бода на Уругвај во ефикасен меч

Ноќеска во натпревар од второто коло од групата Ц на Копа Америка 2019 селекцијата на Уругвај ремизираше против „гостинот“ на турнирот, Јапонија со резултат 2-2.

Јапонците во 25 минута поведоа со голот на Коџи Мијоши, но Уругвајците по само 7 минути израмнија. Стрелец од пенал, асот на Барселона, Суарез.

Во второто полувреме доминацијата ја имаа Уругвајците, но Јапонците беа тие кои повторно дојдоа во водсто. Во 58. минута, повторно Мијоши носи предност за „самураите“ со 1-2.

Уругвај со со голот со глава на Хименез во 65 минута ги постави конечните 2-2 на мечот.

Уругвај по две кола има 4 бода, а Јапонија го освои првиот бод на турнирот. Натпревар од второто коло во истата група сабота вечер ќе играат Еквадор и Чиле. Чилеанците имаат залиха 3 бода, од првиот меч кој го добија против Јапонија.
https://youtube.com/watch?v=FEPwukGSf30

Scroll to Top