Top Sport

НБА ѕвездата Стивен Џексон зборуваше на митингот во Минеаполис (видео)

Поранешниот НБА кошаркар Стивен Џексон беше еден од говорниците на протестот во петокот попладне во Минеаполис во чест на неговиот пријател, Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина откако беше уапсен и полицаецот го задуши со неговото колено.

Оваа смрт предизвика хаос во Минеаполис, со три дена протести, а вчера беше запалена и една полициска станица во градот.

„Тука сум бидејќи нема да дозволам да го оцрнат карактерот на Џорџ Флојд. Многу пати, кога полицајците ќе направат нешто што знаат дека е погрешно, прво се обидуваат да го прикријат или да го оправдаат со историјата на личност. Не можете да ми кажете, кога човекот има колено на вратот на мојот брат и му го одзема животот со раката во џеб, тој не мисли дека е заштитен“, изјави Џексон.

Џексон, кој одигра 14 сезони во НБА лигата, станал пријател на Флојд додека двајцата раснеа во Тексас. На протестот зборуваа и актерот Џејми Фокс, како и кошаркарите на Минесота тимбервулвс, Карл-Ентони Таунс и Џош Окоги.

Инаку, полицаецот Дерек Човин, кој беше „фатен“ на видеото како клечи на вратот на Флојд, беше уапсен во петокот и обвинет за убиство.

Леброн се јави по убиството во Минеаполис: Сега сфаќате ли зошто?

Scroll to Top