Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, од НБА лигата е казнет парично со 25.000 долари поради непримерниот избор на зборови в интервјуто, што го дал на 31.октомври по натпреварот со Чикаго Булс.
Казната се однесува на коментарот што српскиот центар го имал за противничкиот центар Вендал Картер.
„No homo, but he’s longer than you expect“, рекол Јокиќ, а дилемата е што мислел со „no homo“, но јасно е дека поради тоа е казнет.
Станува збор за израз што е карактеристичен за геј популацијата, а НБА има нулта толеранција. За користење на истиот израз, пред неколку години НБА го казни Рој Хиберт со 75.000 долари.
Jokic on Wendell Carter following the win over the Bulls: “No homo, he’s longer than you expect.” https://t.co/NMTJgLHL00
— Harrison Wind (@HarrisonWind) November 7, 2018