Top Sport

НБА го „удри по џеб“ Док Риверс поради коментар за здравјето на Ленард

НБА лигата го казни парично, со 50.000 долари тренерот Док Риверс поради коментар за здравјето на играчот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард.

Ленард пред два дена го преседе на клупа целиот меч во поразот на неговата екипа од Милвоки (Бакси триумфираа со 129-124) затоа што така одлучи Клиперси, поради неговата повреда на коленото.

Секој НБА клуб може да пристапи на политика на таканаречен „load managеment” и да ги одмора своите играчи. НБА јасно стави до знаење дека потегот на Клиперс бил во склад со лигашките правила, но коментарот на Риверс пред мечот бил спротивен од она што било кажано во Управата на НБА лигата.

Тренерот рекол дека Ленард се чувствува сјајно, дека нема причина за загриженост и дека клубот мора да се потруди кошаркарот да остане во сјајна форма.

НБА поради овој коментар парично ги казни Клиперси, затоа што изјавите не биле во склад со здравјето на Ленард.

Scroll to Top