Top Sport

Хорор сцена: Хименез со ножички го нокаутира Бајриќ (видео)

Фудбалерот на Вулверхемптон, Раул Хименез по центаршутот на Адам Траоре се обиде на атрактивен начин да ја доведе својата екипа во предност, но противничкиот играч Кенан Бајриќ (Слован Братислава) стигна до топката пред Мексиканецот, ја отстрани опасноста, а Хименез со нога удри во главата на дефанзивецот.

Словенецот остана неподвижен да лежи на тревникот, а на стадионот настана молк. Фудбалерот на Слован доби потрес на мозокот и итно беше пренесен во болница.

„Свесен е, но има потрес на мозокот. За момент изгледаше како страшна повреда. Доби силен удар, нема да оди со нас дома, ќе остане во болница за набљудување“ – рекол тренерот на словачката екипа, Јан Козак.

Мечот меѓу Вулверхемптон и Слован Братислава заврши со резултат 1-0, а Хименез го постигна единствениот гол за 3 бода во 90 минута.


https://youtube.com/watch?v=jiRpx8hA6lU

Scroll to Top