Top Sport

НБА играч обвинет за убиство

Американскиот кошаркар Ченс Коменчи е осомничен за убиство во близина на Лас Вегас.

Полицијата го испрашала 27-годишниот центар и неговата 19-годишна девојка Сакари Харнден, откако во пустината кај Лас Вегас е пронајдено телото на 23-годишната Маријана Роџерс, која исчезна на 6 декември.

Според американските медиуми, тој бил уапсен од агенти на ФБИ бидејќи се верува дека ја киднапирал споменатата девојка по потекло од Вашингтон.

Роџерс последен пат била видена во Лас Вегас каде што била на гости кај пријатели и имала договорено да се сретне со Харнден.

Судијата одреди кауција на Харнден од 500.000 долари додека Коначи во вторник, на 19 декември ќе биде сослушан.

Коменчи минатата сезона одигра еден натпревар во НБА за Портланд Трејл Блејзерс каде постигна седум поени против Голден стејт Вориорс.

Сезонава играше во развојната „Џи лига“, во филијалата на Сакраменто Кингс во Стоктон, за која имаше просек од 14 поени со седум скока.

Интересно е што во 2018 година Коменчи беше на проба во Партизан, но тогашниот тренер Ненад Чанак процени дека физички не е подготвен да му се приклучи на тимот.

Scroll to Top