Top Sport

НБА им ги одреди казните на „боксерите“ од Лејкерс и Хјустон

НБА лигата експресно ги објави казните за учесниците во тепачката што се случи на натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Хјустон.

Пред две вечери, Крис Пол и Режон Рондо, си разменија тупаници, а на судиите и соиграчите им беше потребно време за да ги разделат.

Пол по натпреварот тврдеше дека Рондо го плукнал поради што изгубил контрола и ја започнал тешачката.

Најголема казна за инцидентот доби соиграчот на Рондо, Брендон Ингарм, тој нема да може да игра на наредните четири натпревари. Еден натпревар суспензија помалку доби Рондо, а Пол ќе отсуствува од две средби.

Scroll to Top