Top Sport

Јокиќ и Денвер ги срушија Вориорс (Видео)

Српскиот центар во НБА лигата, Никола Јокиќ, одигра уште еден маестрален меч и му помогна на својот тим Денвер Нагетс да го задржи перфектниот старт во сезоната. Денвер измината ноќ славеше над актуелните шампиони Голден стејт Вориорс 100:98.

Откако претходната ноќ против Феникс Санс забележа совршен трипл-дабл, српскиот центар против шампионите имаше учинок од 23 поени, 11 скока и шест асистенции. Најефикасен во тимот на Денвер беше Гери Херис со 28 поени, а вистински херој е и Шпанецот Хуанчо Ернангомес кој во последната секунда го блокираше шутот на Демејн Џонс.

Денвер до победата успеа да стигне иако неговите кошаркари не реализираа 18 слободни фрлања. Во одбраната Нагетс ги натераа противниците да изгубат дури 18 топки.

Вориорс ги предводеа Стеф Кари со 30 поени, Кевинн Дурент постигна 20 поени и имаше 11 скока, Клеј Томпсон заврши со 15 поени.

На овој меч Кари ја постигна 2.143. тројка во кариерата и на вечната листа на шестото место го мина Пол Пирс.

Scroll to Top