Top Sport

НБА: Индијана е оштетена, блокадата на Џејмс е нерегуларна (Видео)

НБА лигата соопшти дека блокадата на Леброн Џејмс, во финишот на петтиот натпревар против Индијана била нерегуларна, односно дека топката имала слегнувачка патека.

При резултат 95:95, кошаркарите на Индијана Пејсерс го имаа последниот напад, Виктор Оладипо се обиде да поентира, меѓутоа тој, на 1,8 секунди до карјот на мечот, беше блокиран од Џејмс.

Кливленд побара минута одмор, а потоа повторно Џејмс беше во главна улога, погоди тројка за победа 98:95 и водство во серијата 3:2.

По прегледувањето на снимката, НБА лигата утврдила дека топката по обидот на Оладипо најпрвин удрила во таблата, а потоа шутот го блокирал Џејмс. Судиите на тој начин ја оштетиле Индијана, а многумна се прашуваат зошто тие за време на тајм-аутот не ја прегледале снимката.

НБА појасни дека тие не можеле да ја гледаат снимката бидејќи претходно не покажале дека се работи за слегнувачка патека.

Scroll to Top