Top Sport

Мурињо: Не сум виновен што Челси го продаде Салах

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ги отфрла критиките, дека тој е најзаслужниот што Мохамед Салах не се прослави во дресот на Челси. Оваа сезона Салах има постигнато 43 гола на 47 натпревари, во дресот на Ливерпул.

Мохамед Салах, за сума од 11 милиони фунти, направи трансфер од Базел во Челси во 2014 година, меѓутоа не ја доби вистинската шанса, замина на позајмица во Фиорентина, потоа Рома го откупи неговиот договор за 15 милиони фунти, а минатото лето за 40 милиони евра пристигна во Ливерпул.

„Луѓето велат дека го продадов. Тоа не е точно, јас сум тој што го донесов во Челси. Беше многу малд кога дојде, не беше физички и ментално подготвен. Не можеше да се вклопи општествено и културолошки. Делуваше загубено, сите работи тешко му паѓаа“, рекол поранешниот менаџер на Челси.

„Челси реши да му дозволи да си оди. Таа одлука беше заедничка. Решивме да го продадеме, за да можеме тие пари да ги искористиме за купување на некој добар играч“, дополнил Мурињо, кој не крие дека е воодушевен од она што го прави оваа сезона египетскиот репрезентативец.

„Мислам дека и самиот е изненаден од ова што му се случува. Навистина е фантастичен“, заклучил Мурињо.

Scroll to Top