Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер.
„Се очекува трансакцијата да се затвори наскоро“, се вели во соопштението на НБА.
За една од најславните франшизи во НБА, Марк Волтер ќе плати приближно 10 милијарди долари, објави „ESPN“ во јуни.
„Марк Волтер има долгогодишна врска со нашите лиги, бидејќи беше малцински сопственик на Лејкерс и главен сопственик на WNBA Спаркс повеќе од 10 години. Бидејќи Марк ја презема функцијата мнозински сопственик на Лејкерс, не се сомневам дека ќе се истакне на таа позиција“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Семејството Бас, кое држи мнозински удел од 1979 година, ќе задржи приближно 15 проценти од тимот, а Џени Бас ќе остане на својата позиција како директор на клубот најмалку пет години.
Волтер е извршен директор на „TWG Global“, холдинг компанија која поседува бројни тимови, вклучувајќи ги Лос Анџелес Доџерс (бејзбол) и Лос Анџелес Спаркс (женска НБА). Вклучени се и тенискиот турнир „Били Џин Кинг Куп“ и тимот „Кадилак“, кои ќе се натпреваруваат во Формула 1 од следната година.
Лејкерс беа основани во Минеаполис во 1947 година, а потоа пред сезоната 1960/61 се преселија во Лос Анџелес, а во 1979 година ги презеде Џери Бас. Тимот стигна до плејофот на НБА 65 пати, освојувајќи 17 титули, една помалку од Бостон Селтикс.
 
				