Top Sport

НБА: Казинс ги декласира својот поранешен тим (Видео)

Демаркус Казинс го декласира својот поранешен тим Сакраменто Кингс и со 41 поен го предводеше Њу Орлеанс о победата 114:106. Нов прилијантен меч одигра Јанис Адетокумбо, но неговите 28 поени не беа доволни Милвоки да го избегне поразот од Бостон. 96:89.

Демаркус Казинс со доминантна паритја (41 поен, 23 скока, 6 асистенции) го надомести отсуството на Ентони Дејвис (повреда на левото колено) и го предводеше Њу Орлеанс до триумф над Сакраменто 114:106. Покрај полуларниот „Буги“ кај Пеликанс се истакна и Џру Холидеј со 20 поени и 7 асистенции.

Кај Сакраменто најдобри беа дебитантите во лигата Диерон Фокс со 14 поени и Богдан Богдановиќ со 10 поени, 2 скока и 4 асистенции.

Милвоки го пречека Бостон и не успеа да слави иако Адетокумбо одигра уште еден брилијантен меч. „Грик Фрик“ натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скока, 7 асистенции, 3 украдени топки и една блокада.

Бостон до победата го предводеше двоецот Ал Хорфорд (27 поени, 9 скока) и кајри Ирвинг (24 поени, 3 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки).

ЛА Клиперс минимално славеа во дуелот со Портланд 104:103. Блејк Грифин со 25 и Данило Галинари со 16 поени го предводеа тимот од ЛА. Кај Портланд вообичаено најефикасни беа Демијен Лилард (25 поени) и Си-Џеј мекалум (23 поени).

Марк Гасол постигна 25 поени во победата на Мемфис над Далас 96:91. Кај Далас Херисон Барнс постигна 22, а Весли Метјуз 18 поени.

Италијанецот Марко Белинели со 23 поени беше најефикасен во победата на Атланта над Чикаго 91:86.

Scroll to Top