НБА лигата ќе продолжи кон на 31 јули. Во Орландо ќе се соберат 22 екипи ќе го завршат регуларниот дел од сезоната, а потоа најдобрите 16 ќе ја започнат борбата за титулата.
НБА ги подготвува протоколите кои ќе важат за завршницата на сезоната која ќе се игра во изолација. Секој ден од САД се појавуваат интересни вести, а последните се поврзани за со тестовите за допинг, односно какви ќе бидат процедурите доколку некој од учесниците го напушти Орландо.
„НБА и Асоцијацијата на кошаркрите се договориле дека тестовите на забранетите супстанци ќе бидат обврзувачки, но лигата нема да ги казнува оние кои ќе бидат позитивни на лесни (рекреативни) дроги“.
Во исто време доколку некој кошаркар или учесник на завршницата своеволно го напушти Орландо, по враќањето ќе мора да биде десет дена во каранатин, а ќе му биде дозволено да го напушти карантинот кога ќе покаже два негативни теста.