Top Sport

Дани Алвеш:  Жесус е нашиот нов Роналдо!

Габриел Жесус веќе е „голем играч“ и може да се нарече „новиот Роналдо“, вели капитенот на Бразил, Дани Алвеш пред пријателскиот меч со Англија на „Вембли“.

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус го постигна својот осми гол во бразилскиот дрес при 3:1 победата над Јапонија минатата недела и Алвеш смета дека тој ќе има главна улога во „Селесао“ на СП во Русија следната година. 20-годишниот фудбалер од школата на Палмеираш веќе има седум гола во првата цела сезона во Премиер лигата, и тоа беше доволно за Алвеш, кој игра во ПСЖ оваа година, да го прогласи како вистински наследник на Роналдо.

„Не се шегував кога го нареков вистинскиот Ронадо. Двајцата имаат слични мотиви и слична игра. Тој е веќе одличен и ќе биде уште подобар. За сè што направил, не го направил тоа под притисок. Го прави тоа што го сака“, изјави Алвеш.

Тој доби поддршка и од бразилскиот селектор Тите.

„Секој играч на нивото на Жесус мора да има силен тим зад него. Се надеваме дека ќе го направиме тоа во Русија. Манчестер сити мора да се презадоволни со Палмеираш, кои им дадоа формиран спортист и подготвен за игра“, вели Тите.

Габриел Жесус: Уште немам место во бразилскиот тим

Scroll to Top