Кошаркарот на Индијана Пејсерс, 26-годишниот Карис Леверт вчера успешно бил опериран откако му бил откриен малиген тумор на левиот бубрег. Среќа за него што пред 2 седмици бил трејдуван од екипата на Бруклин Нетс, па рутинските лекарски прегледи покажале дека има тумор.
Од Индијана соопштија дека Леверт сега се опоравува, а прогнозите се дека нема да има пречка да и се врати на кошарката затоа што нема да треба да оди на дополнителни испитувања или терапии.
Леверт во НБА лигата е од 2016 година.