Top Sport

НБА кошаркар настрада во сообраќајна несреќа

Поранешниот НБА кошаркар Расуал Батлер и неговата сопруга загинале во сообраќајна несреќа во Калифорнија.

Според американските медиуми Батлер ја загубил контролата врз возилото „Ренџ Ровер“ и удрил в ѕид.

Батлер кој во НБА лигата одиграл преку 800 натпревари, имал 38 години и неодамна престана да игра кошарка.

Истражителите на местото на настанот претпуставуваат дека возилото константно забрзувало пред да удри во ѕидот.

Батлер во НБА лигата одиграл 14 сезони, а најдобрите години ги имал во ЛА Клиперс кон крајот на минатата деценија.

На 809 натпревари во просек бележел 7,5 поени и 2,4 скока по натпревар. Последната сезона во кариерата му беше 2015/2016 во дресот на Сан Антонио Спарс.

Scroll to Top