НБА лигата и Здружението на играчи (НБПА), три месеци пред евентуалниот локаут што би ја загрозил следната сезона се договориле за условите на новиот колективен договор. Она што го договорија двете страни ќе трае седум години, иако двете страни имаат право да се повлечат од договорот една година порано, односно во 2029 година.
Заедно со многуте вести кои првенствено се однесуваат на распределбата на парите и ограничувањата за трошење, најинтересна е дефинитивната одлука за лансирање на ново натпреварување кое ќе се игра среде сезона, по моделот на куповите кои се играат насекаде во светот.
Се уште не е дефинирано, но НБА купот би можел да го добие првото издание веќе следната сезона, пренесува „ESPN“ и додава дека двете страни се уште преговараат за деталите од новиот колективен договор.
Стандардниот распоред на сезоната ќе вклучува квалификациски натпревари за завршниот турнир, на кој ќе се квалификуваат осум екипи, а најверојатно ќе се одржи во Лас Вегас. Секој натпревар на турнирот ќе се смета за регуларниот дел од сезоната, па финалистите во НБА купот наместо 82 ќе одиграат 83 натпревари.
Друга иновација е воведувањето на минимален број на натпревари во кои играчот мора да се појави за да може да се земе предвид при гласањето за индивидуални награди на крајот од сезоната.
Причина за тоа е клубовите поради претпазивост, често играат без најголемите ѕвезди. Јасно е дека секој клуб сака најдобрите да ги има на теренот кога ќе започне плеј-офот. За да се влезе во конкурениција за било која индивидуална награда, играчите ќе мора да одиграат најмалку 65 натпревари во регуларнот дел од сезоната, но очекува и флексибилност од лигата во случај на вистински повреди.
НБА нема да воведе цврст „селери-кап“ на платите за да ги спречи клубовите да трошат прекумерно, но дополнително ги обесхрабри со воведување втор лимит, 17,5 милиони долари над даночната линија за луксуз.
Од друга страна, НБА ќе воведе олеснителни околности за тимовите кои трошат помалку.
За играчите најважна новост е зголемувањето на максималниот договор, кога кошаркарот ќе треба да го продолжи догооорт. Досега играчите кои го продолжуваат договорот со клубот имаа право на 120% од претходниот договор, а сега таа граница е зголемена на 140%.
Конечно беше одлучено од следната сезона да се отвори уште едно место во ростерите за играч со двонасочен договор. Заедно со 15 играчи со стандардни договори, клубовите досега имаа право на двајца играчи со такви договори. Сега во ростерот ќе можат да имаат 18 играчи наместо досегашните 17 играчи.
Една од промените за која се шпекулираше, но не е договорена се однесува на старосната граница која не е намалена, што значи дека американските играчи сепак ќе мора да ја поминат сезоната по средно училиште на универзитет или на друго место, а странските играчи сепак ќе бидат само можат да се пријават на драфт во годината кога ќе наполнат 19 години.