Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Дилон Брукс, доби суспензија од еден натпревар, објави НБА лигата.
Брукс, поради груб прекршок, беше исклучен во вториот меч од полуфиналната серија на Западната конференција против Голден Стејт. Брукс по главата го удри Гери Пејтон вториот, кога тој само требаше да ја положи топката во кошот. Играчот на Вриорс незгодно падна и го скрши лактот.
Вориорси објавија дека Пејтон има повреда на лигаментите и мускулите, покрај скршеница на лактот. Неговата состојба ќе биде повторно проценета за две недели.
Претходно, тренерот на Вориорс, Стив Кер, го нарече потегот на Брукс „валкан“, додавајќи дека тој „го прекршил кодексот на однесување во НБА лигата“.
Играчот на Вориорс, Дрејмонд Грин е казнет со 25.000 долари поради неспортското однесување кон публиката.
Мемфис во ноќта меѓу вторникот и средата на домашен терен ги победи Вориорс со 106-101 и на тој начин израмни на 1-1 во серијата.
Следниот натпревар се игра во Сан Франциско ноќта меѓу сабота и недела.