Top Sport

НБА лигата може да го казни Ентони Дејвис

Центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис, може да биде казнет од страна на НБА лигата, поради барањето за трејд во друг тим.

Информацијата, дека Дејвис побарал од Пеликанс да биде разменет во некој друг клуб, на новинарите им ја соопштил неговиот менаџер Рич Пол. Претставник на НБА, изјаил дека лигата ќе го истражи овој случај.

Претходно челниците на Пеликанс, побарале од НБА лигата помош, по изјавите на Леброн Џејмс дека би сакал да игра во ЛА Лејкерс заедно со Дејвис.

Пеликанс, во понеделникот, се огласија соо соопштение, во кое изразија жал поради одлуката на Дејвис. Сите медиуми во САД ги посочуваат Лејкерси како следна станица во неговата кариера.

Рокот за размена на играчи во НА лигата истекува на 7.февруари. ЛА Лејкерс наводно биле подготвени во Њу Орлеанс да ги испрата Лонз Бол, Кајл Кузма, Ивица Зубац и правата на првиот пик на годинешниот драфт.

Според шпекулациите Пеликанс би сакале трејд со Бостон Селтикс, но таа понуда би можеле да ја добијат дури за неколку месеци. Во Њу Орлеанс имаат малку простор за маневар бидејќи имаат десет дена да сковаат стратегија од која ќе добијат најмногу за Дејвис.

Ентони Дејвис сезонава на 41 натпревар има просек од 29,3 поени, 13,3 скока и 4,4 асистенции.

Scroll to Top