Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс во Сан Антонио ги совладаа Спарс 112:92, додека Портланд со тројка во пследната секунда забележа триумф над ЛА Лејкерс 113.110.
Звучи неверојатно но најдобриот напаѓачки тим во лигата, Голден Стејт, со добрата играа во одбраната го доби дуелот во Тексас.
Актуелните шампиони по првата четвртина имаа негатива 31:12, четири и пол минути не можеа да поентираат, но откако ја консолидираа играта во одбраната ја презедоа контролата врз натпреварот, во последната четвртина на противникот му дозволија да постигне само 14 поени и на крајот запишаа убедлива победа.
Вориорс до победата ги предводеше Клеј Томпсон со 27 поени, Кевин Дурент имаше учинок од 24 поени, 8 скока, 5 асистенции и 3 блокади, а Стеф Кари мечот го заврши со 21 поен, 8 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.
Најдобар кај Сан Антонио беше Ламаркус Олдриџ со 24 поени и 10 скока.
Портланд на домашен терен играше со ЛА Лејкерси и стигна до победата со тројката на Демијан Лилард постигната на 0,7 секунди до крајот на натпреварот. Портланд на последните 13 натпревари против „езерџиите“ има исто толку победи.
Лилард мечот го заврши со 32 поени, неговиот партнер од бековската линија Си Џеј Мекалум уфрли 22 поени, а одличен меч одигра репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ кој забележа 28 поени, 5 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки.
Во петтиот пораз од стартот на сезоната најефикасен кај Лејкерс беше Брук Лопез со 27 кошеви, 22 постигна Кајл Кузма.