Top Sport

НБА му даде уште една награда на Херел

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс Монтрез Херел доби уште една награда од НБА лигата. Херел ја доби „Хустл“ наградата за сезоната 2019/2020. Оваа награда му се доделува на кошаркар кој со својата енергија и залагање најмногу му помага на тимот.

Херел претходно беше прогласен за најдобар шестти играч во лигата.

Инаку Херел со Клиперси не успеа да мине подалеку од полу-финалето на Западот. Беа поразени од Денвер со 3:4 иако водеа во серијата со 3:1.

Херел заедно со Лу Вилијамс направија „хаос“ во соблекувалната бидејќи немаа голема минутажа во плејофот.

Scroll to Top