Top Sport

НБА му го поништи трипл-даблот на Адетокумбо

Во неделата, Јанис Адетокунбо си го „намести“ десеттиот скок на натпреварот против Вашингтон за да дојде до трипл дабл.

Ова се случи во последните секунди кога сите играчи на теренот стоеја, чекајќи го последниот звук на сирената. Тогаш Јанис дојде до кошот на Вашингтон ја фрли топката во таблата, таа му се врати и така го доби десеттиот скок.

Сепак, НБА реши да го поништи тој десетти скок, а со тоа и трипл дабл на Адетокунбо.

Лигата нашла правило кое вели дека „шутот е официјален ако играчот кој го изведува ударот има намера да погоди“.

Јанис мечот го заврши со 23 поени, девет скока и 13 асистенции.

Scroll to Top