Top Sport

НБА: Нагетси со одличен кам-бек (видео)

Денвер нагетс во продолжението беа подобри од Њу Орлеанс пеликанс со 117:111 во најдраматичниот вчерашен меч во НБА лигата.

Пеликанси беа подобри во првиот дел од мечот и на полувремето имаа предност од 12 поени, која беше намалена на 10 поени по три четвртини. Нагетси со фантастичен финиш успеа да израмни и потоа во продолжението да стигне до победа. Демаркус Казинс имаше 29 поени, додека кај победниците, Гери Херис беше најефикасен со 21 поен.

Драматично беше и во дуелот меѓу Филаделфија и Оклахома, меч во кој Тандер на крајот победи со 117:119. Во овој меч се играа дури три продолженија, во кои Оклахома стигна до гостинска победа. Расел Вестбрук имаше трипл-дабл – 27 поени, 18 скока и 15 асистенции, а добра партија имаа и Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Хјустон рокитс со 124:109 ги „растурија“ Сан Антонио спарс во последниот вчерашен меч од НБА лигата. Спарси не се покажаа во дуелот во кој им се врати најдобриот играч Кави Леонард. Крис Пол и Џејмс Харден имаа по 28 поени за импресивната победа.

Scroll to Top