Top Sport

Лил, конечно, го отпуштија Биелса

tЛил го отпуштија својот главен тренер Марсело Биелса само седум месеци откако го ангажираше поранешниот аргентински селектор.

62-годишниот Биелса го замени Франк Паси во мај и потпиша со десетина засилувања за тимот во текот на летото, меѓутоа со само 3 победи во 13 меча, Лил е претпоследен во Лига 1, по што минатиот месец тимот го суспендираше Биелса.

Клубот преку кратко соопштение објави дека го „раскинале договорот“ со Биелса. Аргентинецот претходно беше тренер во Франција на Марсеј во 2014 и 2015 година, пред во јули 2016 година да биде поставен за тренер на Лацио, и да си даде оставка само два дена подоцна.

Биелса беше опишан од менаџерот на Тотенхен, Маурисио Почетино како „фудбалски татко“, а и менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека има „огромно почитување“ кон Биелса.

Лил го суспендираа тренерот Биелса

Scroll to Top