Top Sport

Роси: Зарко и Ферстапен не знаат каде се сопирачките! (видео)

Макс Ферстапен оваа година се трансформираше во еден од најдобрите Ф1 возачи, иако на многумина им пречи неговиот агресивен однос на патеката. И Валентино Роси има што да каже за тоа.

Мото ГП легендата, Роси не е многу импресиониран од стилот на 20-годишниот Холанѓанец, споредувајќи го со францускиот возач во Мото ГП, Жоан Зарко, со кого тој имаше неколку „конфликти“ во текот на сезоната.

„Ферстапен е ист како Зарко! Двајцата не знаат каде се сопирачките! Морате да одите повнимателно со него, бидејќи лесно можете да завршите надвор од патеката“, вели Роси во интервју за „ГП уан“.

Ферстапен направи „бум“ во првата трка со Ред бул во 2016, кога победи на Шпанското ГП во Барселона, а оваа година уште двапати беше на подиумот. Уште поголема „бучава“ направи оваа година на Американското ГП, кога ги обвини стјуардите дека се „идиоти“ бидејќи му го одземаа третото место за претекнување на Кими Раиконен во последниот круг од трката излегувајќи од границите на патеката.

Ферстапен: Идиотите сакаат да ја уништат Ф1

Scroll to Top