Top Sport

Кари со помош на патерици излезе од арената во Њу Орлеанс

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс се повреди во финишот на натпреварот во Њу Орлеанс и од салата излезе со помош на патерици.

Кари се повреди во обид да пресече еден напад на противникот, меѓутоа згазна на ногата на еден противнички играч и го повреди скочниот зглоб.

Еден од најдобрите играчи во лигата има долга историја на повредите на скочниот згоб, но она што е најважно за Голде Стејт е тоа што рентгенската снимка покажала дека нема скршеница.

Кари најверојатно ќе пропушти само еден меч и то против Шарлот Хорнетс, во градот каде што го миа детството и каде што одеше во основно и средно училиште.

Scroll to Top