Ноќеска во НБА лигата се одиграа последните 3 подготвителни натпревари од претсезоната, па во вторник вечер стартува новата сезона во најквалитетната кошаркарска лига во светот.
Атланта Хоукс успеа минимално со 117-116 да слави кај Мемфис Гризсил благодарејќи на пресвртот во последната четвртина.
Данило Галинари со 19 поени ги предводеше Хоукси до триумф, а поен помалку имаше Кем Редиш. Србинот Богдановиќ мечот го заврши со 10 поени и 7 асистенции за 27 минути игра.
Кај „гризлите“ Дилон Брукс постигна 17 поени, а со 15 го следше Џа Морант.
На преостанатите два натпревари Вашингон Визардс со 99-96 го совлада тимот на Детроит Пистонс во меч во кој за домаќините дебитираше Расел Вестбрук.
Кај „волшебниците“ најпрецизен беше Томас Брајант (22 поени), а Бил Бредли постигна 15.
Кај Пистонски се истакнаа Дерик Роуз и Џереми Грант.
Во третиот ноќешен меч, Орландо со 120-117 беше подобар од Шарлот.