Top Sport

НБА плејофот почна со трилер – Нагетси по продолженија „повисоки“ од Јута

Плејофот во НБА лигата почна со фантастичен меч, откако Денвер нагетс и покрај 57-те поени на Донован Мичел ги победи Јута џез со 135:125 по продолженијата.

Мечот беше неизвесен од почетокот до крајот, откако Денвер успеа да направи предност од 9 поени во првата четвртина, а на полувреме имаше 31:25 предност. Нагетси имаа и +12 во второто полувреме, пред во средината на третата четвртина, Јута да се „крене“ и да стигне до водство предводени од Мичел.

На 26 секунди пред крајот, Никола Јокиќ со две слободни фрлања го врати водството на Нагетси, но Мичел избори двапати слободни фрлања за по регуларниот дел да биде 115:115. Јокиќ пропушти шанса за победа во регуларниот дел, по што во продолжението стигнаа до водство од 10 поени за победа.

Џамал Мареј беше најефикасен за победниците со 36 поени и 9 асистенции, Јокиќ додаде 29 поени и 10 скока, додека кај Јута, Мичел имаше 57 поени, 9 скока и 7 асистенции, Инглс додаде 19, Кларксон 18, а Гобер 17 поени.

Scroll to Top