Актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Голден Стејт Вориорс, го забележа вториот пораз во третиот меч од посчетокот на сезоната. Без победа изминатата ноќ останаа и Кливленд Квалирс, односно Оклахома Сити Тандер. Индивидуално блескаа Јанис Адетокумбо, Марк Гасол, Кристапс Прозингис, Стеф Кари, Ламаркус Олдриџ, Џејмс Харден.
Голден Стејт го запишаа вториот пораз во третиот месч сезонава. Шампионите загубија од Мемфис 111:101, во чии редови доминираше Марк Гасол со 34 поени и 14 скокови. Кај Голден Стејт најефикасни беа Стеф Кари со 37 поени и Кевин Дурент стрелец на 29 коша.
Јута ја совлада Оклахома, каде Расел Вестбрук постигна само шест поени со 96:87. Кармело Ентони беше најпрецизен кај Оклахома со 26 поени, а Пол Џорџ постигна 22. Џезерите до триумфот ги предводеа Џо Ингс со 19, односно Руди Гобер и Рики Рубио со по 16 поени.
Јанис Адетокумпо постигна 44 поени во победата на Милвоки над Портланд 113:110. Тимот на Портланд вообичаено го предводеа Си Џеј Мекалом и Демијан Лилард со по 26 поени.
Изненадување преставува поразот на Кливленд од Орландо 114:93. Орландо во првата четвртина стекна 18 поени која ја задржа до крајот. Никола Вучевиќ на Кливленд му уфрли 23 поени, додека Леброн Џејмс.
На другите натпревари: Торонто ја совлада Филаделфија 128:94, Сан Антонио предводен од Ламаркус Олдриџ (28 поени, 10 скока) славеше во Чикаго 87:77, Детроит го изненади Њујорк 111:107, иако Кристапс Прозингинс постигна 33 поени, а Енес Кантер оствари 17 поени и 10 скокоа. Мајами во неизвесна завршница ја победи Индијана 112:108, Денвер го победи Сакраменто 96:79, а ЛА Клиперс го декласира Феникс 130:88.