Кошаркарот на Хјустон Крис Пол неколку недели ќе биде отсутен од екипата поради повредата на левото колено, соопшти неговиот клуб.
Тренерот на Хјустон Мајк Д’Антонио рекол дека Пол ќе отсуствува се додека целосно не ја залечи повредата.
Тој рекол дека плејмејкерот најверојатно ќе биде отсутен од тимот „неколку недели“ и дека не може прецизно да каже кога тој ќе се врати на терените.
Крис Пол во летниот преоден рок се пресели во Хјустон од редовите на ЛА Клиперс.