Top Sport

НБА: Порази на конференциските лидери (Видео)

Победите на Голден Стејт и Сан Антонио, односно поразите на конференциските лидери Хјустон и Бостон ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Шампионите од Оукленд, кошаркарите на Голден Стејт Вориорс славеа против Мемфис Гризлис 97:84. Иако играат без Стеф Кари и Дрејмонд Грин, Вориорс стигнаа до 10. победа по ред.

Мемфис му пружи добар отпор на шампионот, имаше предност во најголемиот дел од натпреваро, но Вориорс предводени од Клеј Томпсон направија пресврт и стигнаа до победата.

Томпсон со 29 поени беше најефикасен на теренот, додека Кевин Дурент заврши со 22 поени и 8 скока. На спортивната страна 21 кош постигна Марк Гасол.

Голден Стејт има скор 25 победи и 5 порази. Пораз помалку има лидерот во Западната конференција, Хјустон Рокитс.

ЛА Лејкерс приредија изненадување со победата над Хјустон 122:116. Лејкерси во првата четвртина создадоа предност од 15 поени, која некако успеаја да ја сочуваат до самиот крај.

Кајл Кузма ги предводеше „езерџиите“ со рекордни во кариерата 38 поени, Кори Бруер постигна 16 поени, а Лонзо Бол имаше учинок од 16 поени, 9 скока и 4 асистенции.

На спортивната страна Џејмс Харден псотигна речиси пола од поените на својот тим. „Брада“ мечот го заврши со 51 поен, 3 скока и 9 асистенции.

Сан Антонио победи на тешкото гостување во Портланд 93:91. Клучните поени на мечот ги постигна Пети Милс на 28 секунди до крајот. Милс погоди тројка за 92.89, а потоа победата на Спарси ја потврди Ламаркус Олдриџ од линијата за слободни. Мекалум имаше шут за победа на Портланд но не успеа да погоди во последната секунда.

Олдирџ беше најефикасен кај Спарси со 22 поени, додека Пау Гасол оствари 20 поени и 17 скока.

Лидерот во Источната конференција Бостон Селтикс го забележа четвртиот пораз на последните седум натпревари. Синоќа Бостон беше поразен од Мајами 89:90. Поранешниот играч на Бостон Олиник со 32 поени беше најефикасен во редовите на Мајами, додека поен повече со 4 скока и 5 асистенции забележа Кајри Ирвинг.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Торонто Репторс 111:129
Атланта Хокс-Индијана Пејсерс 95:105
Бруклин Нетс-Сакраменто Кингс 99:104
Чикаго Булс-Орландо Меџик 112.94
Оклахома Тандер-Јута Џез 107:79
Далас Маверикс-Детроит Пистонс 110:93
Денвер Нагетс-Минесота Тимбервулвс 104:112
ЛА Клиперс-Феникс Санс 108:95

Scroll to Top