Top Sport

НБА: Прекината серијата на Кливленд, Ману ги реши Селтикс

Изминатата ноќ во НБА лигата го обележа дербито помеѓу Бостон и Сан Антонио како и крајот на победничката серија на Кливленд Кавалирс.

Сан Антонио како домаќин забележа победа против Бостон Селтикс 105:102. Натпреварот го реши ветеранот од Аргентина, Ману Џинобили, кој постигна тројка на пет секунди до крајот.

Џинобили мечот го заврши со 11 поени, 4 скока и 3 асистенции, а најефикасен кај Сан Антонио беше Ламаркус Олдриџ со 27 поени и 10 скока. Двоен ефект оствари и Шпанецот Пау Гасол (14 поени, 11 скока).

Кај Селтикс блескаше Кајри Ирвинг со 36 поени, додека Тејтум го следеше со 20 коша и 8 скока.

Индијана Пејсерс е тимот кој ја прекина низата од 13 победи во која се наоѓаше вицепрвакот Кливленд Кавалирс. Пејсерс славеа 106:102, благодарение на Виктор Оладипо (33 поени, 8 скока, 5 асистенции) и Еван Тарнер (15 поени).

На споритвната страна Леброн Џејмс оствари 29 поени, 10 скока, 8 асистенции.

Резултати:

Ддетроит Пистонс-Голден Стејт Вориорс 98:102
Шарлот Хорнетс-Чикаго Булс 111:119
Орландо Меџик-Денвер Нагетс 98:103
Мемфис Гризлис-Роронто Репторс 107:116
Милвоки Бакс-Далас Маверикс 109:102
Њу Орлеанс Пеликанс-Сакраменто Кингс 105:102

Scroll to Top