Top Sport

НБА првак главна мета на Партизан

Поранешниот играч на Голден стејт Вориорс Џејмс Мекаду преговарал со белградски Партизан, објави „Спортандо“.

Партизан се во потрага по центар кој ќе го заземе местото на Артем Парахуски кој не ги исполни очекувањата и пред три недели го напушти клубот.

Мекаду има шампионско педигре, иако без некоја голема минутажа, тој со Вориорс има две титули во НБА лигата. Во НБА лигата тој покрај за Голден стејт настапувал и за Филаделфија. На 111 натпревари просечно бележел три поени и два скока.

Кариерата на Мекаду оди по надолна линија откако од НБА пристигна во Европа во Торино. Тој сезоната ја започна во Бешикташ, но со глед на лошата финасиска ситуација во турскиот клуб се очекува дека ќе ја промени дестинацијата.

Scroll to Top