Top Sport

Дел Потро ја освои 21. титула во кариерата

Хуан Мартин дел Потро со 6:4/6:4 го совлада Јужноафриканецот Кевин Андерсон за да ја освои својата 21. титула во кариерата на Мексико опен во Акапулко.

Само една недела откако загуби во второто коло во Делреј Бич, поранешниот шампион од САД опен, загуби само еден сет во четирите меча во мексиканскиот туристички центар, каде што се игра на хардкорт подлога на патот до титулата.

Против Андерсон му беше доволен по еден брејк во двата сета за прва титула во кариерата и за продолжување на совршениот скор против Јужноафриканецот на 7-0. Андерсон одеше на своја втора титула во низа по победата на Њујорк опен пред две недели.

Фото: ЕПА

Scroll to Top