Нов играч на кошаркарскиот клуб Басконија е Хамиду Диало (27), победникот на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, во 2019 година.
Диало е уште еден во низата кошаркари со солидна НБА репутација кои ова лето решија да се натреваруваат во Евролигата.
„Басконија додаде атлетизам во својот состав со тоа што го потпиша крилниот играч Хамиду Диал на две години“, објави клубот од Виторија.
Родениот во Квинс пристигнува по сезона со Шанкси Лангс, во Кина, каде што имаше просек од 22,5 поени, 7,3 скока и 3,1 асистенции по натпревар.
Својот најдобар натпревар го одигра во Кина против Жеџијанг кога постигна 46 поени.
Покрај американскиот пасош, тој има и пасош на Гвинеја.
Во својата кариера, одигра 256 натпревари во најсилната лига, беше драфтуван во 2018 година од Оклахома, по што играше и за Детроит, Бруклин и Вашингтон.