Реткост е во НБА лигата еден играч да постигне преку 70 поени. Центарот на Сан Антонио Спарс Дејвид Робинсон во последниот меч од регуларниот дел од сезоната 1993/94 против Лос Анџелес Клиперс постигна 71 поен.
Две децении по ова негово остварување играчите кои оставија длабога трага во НБА лигата Доминик Вилкинс и Рон Харпер откриваат дека нема ништо епско во оставрувањето на „Адмиралот“.
Тие тврдат дека тогашниот сопственик на Клиперс Доналд Стерлинг со своите потези му овозможил на Робинсон да доминира на тој натпревар.
„Тренерот Боб Вајс ни кажа дека му е наредено по неколку минути да ја тргне стратната петорка од теренот.Го прашавме зошто, а тој ни кажа дека Стерлинг сакал титулата за најдобар стрелец да остане во Запдната конференција“, рекол Вилкинс.
Таа сезона Робинсон и Шекил О’Нил се бореле за титулата најдобар стрелец. Шекил претходно постигнал 32 поени. На Робинсон против Клиперс му требале пет поени повеќе за да ја освои титулата.
„Го фрлив дресот, го тргнав бандажот од зглобот и заминав. Срамно беше она што го направивме“, раскажал Харпер.
Истото го направил и Вилкинс.
„Ја напуштив салата и се вратив во Атланта. Немам ништо притив Дејвид, тој е сјајен играч, но како можеш да пуштиш некого да постигне 71 поен? Тоа е смешно. Му помогнавме да постигне 71 поен. Доколку сакаа тој да го одигра целиот натпревар тоа е во ред, но начинот на кој ние играчите настапивме, па ние му помогнавме. Никогаш нешто слично не сум видел и не сум доживеал во кариерата“, заклучил Вилкинс.
Вилкинс на тој меч одиграл 21 минута, Харпер 20, Марк Џексон 16, а стартниот центар Елмор Спенсер играл само пет минути.
На крајот од регуларниот дел од сезоната Робинсон ја освоил титулата за најдобар стрелец со просек од 29,8 поени по натпревар, просекот на Шекил изнесувал 29,3 поени по натпревар.