НБА лигата го презеде првиот чекор во нормализација на работите и враќањето на нормалните активности, но со голема мерка на претпазливост. Арените, по пауза од два месеци, ќе бодат отворени во петок. Играчите, во ограничен број, ќе можат да тренираат.
Како што објави Адријан Војнаровски од ЕСПН, на тренингот ќе можат да присуствуваат најмногу шест лични тренери или асистенти.
Кошаркарите ќе мора да носат заштитни маски, соопшти лигата. На тренерите се уште не им дозволен пристап на тренинзите.
НБА поделила детални упатства како треба да се чисти и дезинфицира опремата која кошаркарите ќе ја носат на тренинзите.
Според американските медиуми први своите арени ќе ги отворат Кливленд, Портланд и Денвер.
Сезоната во НБА лигата беше суспендирана на 11 март.