Top Sport

НБА засилување во Атина – Меклемор во АЕК

Американскиот кошаркар Бен Меклемор е ново засилување накошаркарскиот клуб АЕК одАтина.

Меклимор е фантастичен шутер и поранешен студент на Универзитетот Канзас, а во НБА играше за Сакраменто Кингс, Мемфис Гризлис, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд Трејл Блејзерс.

Во периодот од 2013 до 2022 година одигра 556 натпревари и во кариерата има просек од девет поени и 2,3 скока. Најдобрите денови ги имаше во Сакраменто Кингс, особено добро играше во сезоната 2014/15.

Тој е третото интернационално засилување на АЕК во овој преоден рок, по Џордан Мекре, и искусниот Литванец Миндаугас Кузминскас.

Тренер на тимот е Шпанецот Џоан Плаза.

Scroll to Top