По историската сезона и првата тројна круна во историјата на клубот, Фенербахче формира тим за следната сезона. Европскиот првак се договори со Брендон Бостон.
Станува збор за 23-годишен крилен играч со искуство во НБА. Бостон играше за Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс, а ова ќе му биде прво меѓународно искуство.
Одигра вкупно 147 натпревари во НБА и имаше просек од 7,5 поени, 2,2 скока и 1,2 асистенции. Шутираше со 41% од поле и 33% за три поени.
Минатата сезона, играјќи за Њу Орлеанс, имаше просек од 10,7 поени, 3,2 скока и 2,2 асистенции.