Top Sport

Не одигра натпревар за Њујорк, доби отказ и 3,5 милиони долари

Њујорк Никс му врачија отказ на аргентинскиот репрезентативец, Лука Вилдоза. Аргентинецот, за пет месеци како играч на Никс, не одигра ниту еден натпревар.

Вилдоза не играше во Летната лига, тој треба да го оперира скочниот зглоб. Никс немаа трпение и решија да го раскинат договорот.

За да се ослободат од неговиот договор, Никс на Вилдоза му исплатија 3,5 милиони долари. Останатиот дел од платата што требаше да ја добие оваа сезона, ќе ја покрие НБА лигата.

Лука Вилдоза, МВП на финалето во шпанската АЦБ лига, во 2020 година, најверојатно ќе се врати во Европа. Медиумите шпекулираат дека тој повторно ќе игра во Басконија, екипа каде што ги мина изминатите четири сезони.

Scroll to Top