Top Sport

Не помогна ниту Дончиќ – „колапс“ на Далас против Оклахома

Далас маверикс пропуштија двоцифрена предност во последната четвртина и осум поени предност на две минути пред крајот за да загубат од Оклахома Сити тандер со 117:111 по продолженијата и покрај трипл-дабл учинокот на Лука Дончиќ.

Словенечката ѕвезда заврши со 31 поен, 16 скока и 10 асистенции, но со него на теренот, Тандер направи серија во финишот на регуларниот дел, по што беа подобри во продолжението. Шеј Џилџис-Александер заврши со 38 поени и 9 асистенции за Тандер, Лугуенс Дорт имаше 16, додека за Далас, Спенсер Динвиди имаше 20 поени. Сега, Далас има негативен скор од 2-3 на стартот на сезоната, додека Олахома Сити се на 3-3.

Неочекуван пораз во продолженија доживеаја и Голден Стејт вориорс, откако Стивен Кари и Клеј Томпсон имаа само 4-од-20 во обидите за тројка за Шарлот хорнетс да стигнат до 120:113 победа. Пи Џеј Вашингтон се израмни со Кари како најефикасен на теренот со 31 поен, додека Гордон Хејворд додаде 23 поени за Хорнетс. Вориорс имаат неубедлив 3-3 скор на почетокот на сезоната.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто – Мајами 119:113
Шарлот – Голден Стејт 120:113 ОТ
Бруклин – Индијана 116:125
Чикаго – Филаделфија 109:114
Далас – Оклахома Сити 111:117 ОТ
Милвоки – Атланта 123:115
Јута – Мемфис 124:123

Scroll to Top